(ФОТО) Прв роденден на синот: Александра Пријовиќ со емотивни зборови

Добивај вести на Viber

Александра Пријовиќ минатата година на денешен ден, на свет го донесе своето прво дете, синот на кој со сопругот Филип Живојиновиќ му го дадода името Александар.

Денес, на првиот роденден на нивниот наследник, гордата мајка напиша емотивни зборови.

- Животе мој, среќен прв роденден. Ти благодарам за најубавата година, те сакам- стои под фотографијата со синчето.

На прашањето дали веќе размислува што сака да биде нејзиниот син кога ќе порасне, таа изјави: Најважно е да биде добро воспитан и добар човек. Да ги слуша мама и тато, семејството да му биде на прво место.. Мене тоа ми е најважно и ќе се трудиме да биде така.