(ФОТО) Прва голема модна грешка на Меган Маркл: Остри критики на јавноста за идната војвотка

Добивај вести на Viber

Веста дека станал чичко по трет пат, принцот Хари и неговата идна сопруга Меган Маркл ја примиле на служба во црквата St Martin-in-the-Fields. Идниот кралски пар присуствувал на своите должности и обврски по повод одбележување на смртта на 18 годишниот Стефан Лоренс, жртва на расистички напад во лондонската црква Елтхам.

Иако повеќето модни медиуми барем засега неизмерно го фалат стилот на харизматичната Меган, овој пат нејзиниот избор подлегнал на остра дискусија и многумина го прогласија за непримерен.


Екс актерката избрала многу ефектен фустан од брендот на Hugo Boss, црн со ситни мали акценти по целата должина. Со ремен го стегнала лежерниот крој на креацијата. Во целина Меган изгледа многу елегантно, како да се подготвила за попладневен коктел, а не да оди на комеморативна служба.

Но, ваквиот избор предизвикал лавина негативни коментари на социјалните медиуми- „Ја обожавам Меган, но некој би требало да и објасни да престане со непочитувањето на прописниот стајлинг за настани на кои присуствува“, „Фустанот е многу непримерен“.


Само преку раменици да префрлила шарпа или блејзер, ова всушност е комбинација која би била целосен погодок.