(ФОТО) Првата дама на Северна Кореја воодушеви со својот изглед
Сопругата на северно корејскиот лидер, Ким Џонг-Ун доби многу пофалби за својот изглед при нивната прва посета на Кина.
Ри Сул-Ју го придружуваше својот сопруг на неговата прва посета на една странска земја, при што постојано беа во друштво на првата дама на Кина, Пенг Лијуан.
Таа ретко може да се види со својот сопруг на јавни настани. Кинезите беа воодушевени од неа, заклучувајќи дека таа изгледа поубаво и дека била подобро облечена од сопругата на Шји Џјинпинг, која е позната пејачка и се наоѓа на листата на „Форбс“ на најмоќните жени на светот.
„Првата дама на Северна Кореја има моќна појава, изгледа поубаво од Пенг и повеќе држи до модата“- напиша еден корисник на Веибо, кинеската верзија на Твитер, додека друг забележа дека е „убава исто колку и Сонг Хје Кјо“, популарна актерка во Кина.
Ри се појави во неколку костими за време на дводневната посета на Кина. Повеќето коментари за неа се избришани од Веибо.
Дизајнерот од Хонг Конг, Вилијам Танг, го опиша стилот на Ри како „суптилен, но не конзервативен“.