Родното место на Тоше Проевски е градот во кој официјално падна првиот снег. Крушево е обвиткано во снежна покривка, а за тоа сведочат фотографиите кои се шират на социјалните мрежи.
Снежна покривка од шест сантиметри е формирана изутринава во Маврово, а во Крушево и Лазарополе четири односно три сантимери. Најниска температута од -5 степени, пак, е измерена во Берово.
Засега на пониските места односно во градовите нема најави за снежни врнежи. Метеролозите го најавија снегот викендов но само на планиските места.