Сини очи и руса коса - згоден како бебе од реклама: Синот на Марија Шерифовиќ е неодолив

Добивај вести на Viber

Синот на Марија Шерифовиќ е неодолив...

Синот на Марија Шерифовиќ не сака да се раздели од мајка си, па на популарната пејачка се потешки се нејзините патувања и настапи. Бабата Верица Шерифовиќ признава дека малиот Марио е многу приврзан за својата мајка и разбира колку и е тешко на Марија кога мора да го напушти поради работа.

Верица вели дека нема подобра мајка од Марија и дека е подобра мајка отколку што била таа, а заедно прават се за да го направат Марио најсаканото бебе на светот. Верица поради внукот се преселила кај Марија, а сега почнала да патува со него и одлично се сложуваат.

„Пресреќна сум, ништо не ми е тешко, го гледам 24 часа, го следам... А, умирам за него“, вели Верица.

Верица сака Марио да биде уметник, да пушта музика, па му купила и детски микрофон. Марија навистина не ги дели нејзините желби бидејќи тоа е напорна работа, но ќе го поддржи секој негов избор.

Засега е јасно дека има слух, па ни заспивањето не може да помине без некоја од песните на Марија кои непогрешливо ги препознава.

Синот на Марија Шерифовиќ веќе е одлично момче

Марио има само 15 месеци и веќе е неодолив - прекрасни сини очи, руса коса со шик фризура, насмевка која ве соборува, па нема сомнеж дека и таткото на малиот Марио е одлично момче. Како изгледа тој, никогаш нема да дознаеме.

- Тоа се работи за кои не можам и не смеам да зборувам, поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, па потоа ќе ме тужи за десет милиони долари, а можеби и повеќе - објасни Марија во една прилика во емисијата на Огњен Амиџиќ.

А Марија не може ни да опише колку е среќна покрај синот:

- Ме прашуваат сине, дали мојот живот се промени? А не знам ни како да им објаснам колку се променил...не знам како да им објаснам како е можно некого толку да сакаш. Велат дека децата ги избираат своите родители... И не ми останува ништо, освен да се прашувам до последен ден што направив за да те заслужам тебе, таква совршена личност - ова се само дел од речениците со кои Марија му ја искажува својата неизмерна љубов и среќа на својот син.

А баба Верица дури и признава дека го сака внукот повеќе од ќерката Марија и од се срце вели „Не можам без него“.

Фото: Svet-scandal.rs/ Ivan Vučićević
Извор: Svet-scandal.rs