Ребека Јанковска- Ристески вели дека ужива во времето поминато со синовите Маркијан и близнаците Доротеј и Макариј.
Пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“ вели дека е радосна што нејзините деца го бендисале семејниот филм „Дамбо“, а заедно со нив, и таа уживала во детскиот свет.
„Прекрасен Дамбо и сите среќни“, напиша Ребека под фотографијата која ја објави на нејзиниот Фејсбук профил.
„Маркијан многу ги сака браќата и доаѓа заедно со мене да ги земеме од градинка. Со нив си игра брканица и криенка, ги гушка и ги бакнува. Тој пак, е нивен идол“, рече Ребека за своите синови. Близнаците во септември ќе тргнат во прво одделение, а Маркијан лани во ноември наполни 12 години.