(ФОТО) Се разбуди од кома и дозна дека ќе стане татко

Добивај вести на Viber

Британецот Џозеф Кулен падна во бессознание во 2018-та година. Имаше симптоми на грип, но состојбата по два дена му се влоши. Нозете му се парализираа, а мозокот му отече.

Лекарите направија прегледи и го исклучија менгитисот како опција, но не знаеа што му е. Затоа неговите брисеви ги испратија во Шведска и САД.

Се покажа дека Џозеф има аутоимун енцефалитис односно воспаление на мозокот кое се манифестира со главоболка, епилептички напади, проблеми со движењето, проблеми со памтењето... Џозеф беше ставен во индуцирана кома и лекарите му кажаа на семејството дека нема можеби никогаш нема да се разбуди.

Неговата партнерка, Били Смит дозна дека е бремена само два дена откако Џосеф беше ставен во кома. Секој ден доаѓаше во посета и седеше покрај неговиот кревет. Тој се разбуди дури по четири месеци. Тогаш му кажа дека ќе добијат дете. Џосеф кој го има синот Рајли од претходна врска, беше воодушевен.

- Били ми кажа дека е добро што се разбудив бидејќи е бремена. Бев во неверување поради состојбата во која се најдов, но ова беше најдобрата вест што можев да ја посакам. Нашето бебе е вистинско чудо, особено поради тоа што остана скоро без татко. Попи ми дава сила, моите деца ми даваат сила за живот- вели Џозеф.

Болничкиот парсонал направи ултразвук во неговата соба за да го види бебето кога Били беше во 20-тата недела од бременоста. За жал не можеше да присуствува на породувањето.

Својата ќерка за првпат ја држеше минатиот месец, неколку месеци откако се роди, пишува „Дејли Мејли“. Тој треба да биде пуштен дома за некое време, првпат по 16 месеци во болница ќе биде на домашно лекување.

Били која е мајка и на Чарли вели дека се надеваат дека Џозеф сосема ќе се излакува.

- Едвај чекам да дојде дома. На децата им треба татко- изјави Били.