(ФОТО) Шумски свирачи: Гаро и Кили го чистеа Водно

Добивај вести на Viber

Ранко Бубамара денеска објави неколку фотки од Кили и Гаро Тавитјан како го чистат Водно. 

Еве што стоеше во описот на фотките:

„Денеска нашите шумски свирачи, настапија без инструменти на Средно Водно - заедно со персоналот од Хотел Водно, ресторан КНА , собравме една вреќа пластичен и друг отпад околу патот до бесплатниот паркинг . На другата страна од Водно, по планинарските тешко достапни патеки, голем број рекреативци, уживаа во природата и дел од нив собираа пластични шишиња кој се наоѓаа на тешко достапните планинарски патеки -за кој може да се пофалиме дека ги има во се помал број ! За чисти и зелени планини и езера !“