(ФОТО) Симетрија за привлекување погледи: Кралицата Ранија во трендовска комбинација за секој ден
Сопругата на јорданскиот
крал Абдула продолжува со посетите на туристичките дестинации во нивната земја,
овој пат во многу интересна комбинација на облека
Откако неодамна го посети Ум Каис со нејзината ќерка Имам, кралицата Ранија од Јордан го воодушеви локалното население со
нејзината посета на Ајлон.
Иако овој пат беше сама, таа не ја симна
насмевката од лицето и испроба многу вештини кои се поврзани со оваа област, па
научи нешто ново за керамика, производство на мед, правење зачини, разговараше со
домаќините за рециклирање и за одржлив туризам.
За оваа пригода, јорданската кралица избра малку
полежерен стил на облека, а исто како и последниот пат кога ја видовме, водечки
дел од нејзиниот моден изглед беше горниот дел од облеката. Ранија, носеше
удобни панталони во тегет боја и обувки удобни за долга прошетка во комбинација со
ултра-трендовска кошула со широки ракави, со интересен дизајн. Модел на модната
куќа Тиби.
Што се однесува до фризурата, Ранија повторно се
определи за прибрана коса во високо опавче, додека клучните додатоци повторно
беа часовникот и импресивни очила за сонце.
Фото: Profimedia
(ФОТО) Кралицата Ранија е неприкосновен моден владател: Таа ги обожава овие трендови!