(ФОТО) Синот на Џон Бон Џови е негова копија: На одмор во Хрватска

Добивај вести на Viber

Хрватска годинава е дефинитивно избор за летен одмор на многу познати ѕвезди. Овојпат заедно со своето семејство на островот Корчула, ужива познатата музичка ѕвезда Џон Бон Џови.

57-годишниот пејач со својата сопруга Доротеа е во брак од 1989-та година, а заедно имаат три сина и една ќерка.

Нивниот син Џејкоб, е копија на Џон Бон Џови. Ако ги споредиме неговите фотографии со оние од младоста на музичарот, едноставно како да нема разлика.

Фотографиите кои ги објави Џејкоб на својот профил на Инстаграм, фотографирани од неговиот татко, се само уште еден доказ за нивната сличност.