(ФОТО) Синот на Катарина Ивановска слави втор роденден на плажа

Добивај вести на Viber

Македонскиот модел со светска кариера, Катарина Ивановска денеска има голема причина за славење. Нејзиниот син Вања, полни две години.

Катарина на својот Инстаграм профил објави фотографија од синот на плажа. Таа и  сопругот решија вториот роденден на Вања да го прослават во Палма Де Мајорка, Шпанија. 

Катарина неодамна се врати од Тел авив, Израел каде што во женско друштво замина како поддршка на нашата евровизиска претставничка, нејзината блиска другарка Тамара Тодевска.