(ФОТО) Сите игравме на „Макарена“: Антонио и Рафаел и денес настапуваат

Добивај вести на Viber

Нивната „Макарена“ и денес се танцува на забави, свадби, па дури и на спортски натпревари насекаде низ светот. Антонио Ромеро и Рафаел Руиз кои го сочинуваа уникатното шпанско дуо „Лос дел Рио“ се уште настапуваат.  

Имаат издадено 30 албуми и активни се на социјалните мрежи, а во 2014 година со голем концерт во Севиља прославија 50 години кариера.

Шпанското латино-денс дуо кое во 90-те направи бум со заразниот рефрен, пред две години сними и нова верзија на песната.