(ФОТО) СЛАВЕВМЕ РОДЕНДЕН НА ПЛАЖА: Ќерката на водителката Милена наполни една година

Добивај вести на Viber

Водителката Милена Антовска и нензиниот сопруг Гордан, денеска го прославија првиот роденден на ќерката Лана Марија.

Роденденската забава, тие ја организираа на плажа, во Сивири, Грција, каде што се на семеен одмор.

„ Си поминавме прекрасно, славевме на плажа. На Лана Марија и посакавме да е жива и здрава, умна и да не радува цел живот. Таа се уште не е свесна за значењето на овој ден, но многу им се израдува на балоните и на украсите“, ни изјави водителката.

„ Секојдневно се изненадувам себе си и правам работи за кои сум мислела дека никогаш нема да ги правам. Станав уште поемотивна, многу мои животни навики се сменија, начинот на живот и темпото. Кога станувате мајка веќе сè друго е во втор план, барем кај мене е така. Сега сè се врти околу Лана Марија“, рече Милена во интервју за Женски магазин.

По враќањето на ТВ, водителката на емисијата „Здраво Македонијо“ најави сосема нов проект на „Канал 5“ телевизија , за кој рече дека почнува од следниот месец. (М.Џ.)