Со емотивна посвета, фолк-пејачката Соња Тарчуловска му го честиташе именденот на својот син Младен.
„Младен сине. Среќно и вечно име. За многу години Младенци. Те сакаме“, нашиша Соња на својот Фејсбук профил до фотографијата со синот. Младен е единствен син на Соња и на Јохан Тарчуловски. Постарата ќерка Мелани минатиот месец наполни 14 години, а најмалата Јоана наскоро ќе полни четири. Младен летово ќе наполни 12 години.
Тарчуловска на социјалните мрежи често објавува семејни фотографии. „Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха“,напиша Соња во февруари за роденденот на Мелани.
Семејството Тарчуловски