Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Совршен моден избор: Шерон Стоун има 61, а изгледа како 25-годишна девојка
Шерон Стоун отсекогаш важела за многу атрактивна жена, а денеска кога веќе е во својата шеста деценија овој епитет исто толку добро ѝ стои.
Нејзината младешка енергија е неверојатна, а за нејзиниот стил нема лоши зборови.
Викендов беше фотографирана пред еден ресторант во совршена комбинација, со која би рекле дека изгледа како 25-годишна девојка.
Маслинасти фармерки, црна маичка и незаменливата кожена јакна, надополнети со патики и очила- се нејзиниот беспрекорен моден избор заслужен за највисока оценка.