(ФОТО) Срцето ми трепери од среќа: Дивна Карлеуша живееше за внуките

Добивај вести на Viber

Една од последните фотографии на радио-водителката и новинарка Дивна Карлеуша која почина вчера во Белград од канцер на белите дробови е со нејзините внуки, Атина и Ника.

На фотографијата од 25 јануари, Дивна го прославила својот 61 роденден, а роденденските свеќи со неа ги дуваат внуките од ќерката Јелена. 

„Како моите бебиња ми пеат. Денеска ни е прекрасен ден. Срцето ми трепери од среќа“, напишала Дивна на својот Инстаграм профил“, мислејќи на познатата српска роденденска песна „Данас нам је диван дан“. 

Српските медиуми пишуваат дека пејачката Јелена Карлеуша е неутешна по смртта на своја мајка. Таа ѝ била голема поддршка во текот на борбата со тешката болест.