Животна училница // Приказни
(ФОТО) Стаклен бонг со големина на жирафа: Музеј за марихуана во Лас Вегас
- 20 Септември, 2018
Сушени пупки од канабис изработени од стиропор и стаклен бонг со големина на жирафа се дел од експонатите кои ќе бидат изложени во музејот за марихуана во Лас Вегас.
Посетителите ќе можат да дознаат многу интересни факти, но и да направат интересни фотографии, бидејќи според најавите ќе има посебно осветлување кое ќе им овозможи на корисниците на „инстаграм“ да објавуваат слики без филтри на нивните профили.
Основачот Џеј Џеј Вокер објасни дека целта на музејот е дестигматизирање на употребата на марихуана.
Овој интересен објект се отвара 15 месеци откако властите на Невада дозволија купување марихуана за рекреативни цели.