Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Стилски двобој: Марјана Станојковска и Меланија Трамп во ист фустан
Првата дама на САД, Меланија Трамп за последната вечер на Републиканската национална конвенција, носеше Валентино фустан во неон зелена боја, искомбиниран со тенок кожен ремен и салонки во истата боја на Маноло Бланик.
Истиот фустан веќе го носела и атрактивната ТВ водителка Марјана, на фестивалот Макфест во 2019 година, како креација од македонскиот бренд Нана, за што не' потсети и на нејзиниот Фејсбук профил.
Според вас на која и стои подобро?