Животна училница // Приказни
(ФОТО) Те сакам како луда: Маја Сазданоска за Јован Јованов
- 23 Јуни, 2019
Композиторот Јован Јованов кој живее во Канада, по долго време дојде повторно во Скопје.
Тој е многу добар пријател со пејачката Маја Саздановска, која со години работи како организатор во Македонската опера и балет. Имено тие двајца објавија фотографии од нивната средба во Скопје.
- Мојата убава најдобра пријателка- напиша Јованов.
- Само ние двајца. Направи да се почувствувам толку посебно. Те сакам како луда- напиша Саздановска на нивната форографија.
Јован Јованов со сопругата Николина и со ќерката Малеа, од Скопје си замина во 2014 година.
- Во Скопје ќе останам еден месец за да се видам со блиските- изјави Јован Јованов за Женски Магазин.