(ФОТО) Тие ќе го спасат светот: Децата на Живкица, Андријана и Коки под маски

На Денот на шегата, Први април, секогаш има највесели фотографии на социјалните мрежи. Родителите објавуваат фотографии од своите маскирани деца, кои преправени во своите омилени јунаци, одат на училиште или во градинка.

Интересни слики од децата, на своите Фејсбук профили објавија водителката и автор на емисијата „Тунел“, Живкица Каленикова, пејачката и виолинист Андријана Јаневска и Росана Јанков, портпарол на АМСМ.

Тие ќе го спасат светот, напиша водителката.- Ана, Марко и Даријан, децата на Живкица и на Зоран Каленикови 

The Hulk од Бардовци.- Димитар, постариот син на Андријана Јаневска и на Драган Гиновски- Гино 

Лара, ќерката на виолинистот Николчо Јанков-Коки и на Росана Јанков се маскираше во ананас