Моден фокус // Трендови
(ФОТО) ТОП МОДНИ ПРЕДЛОЗИ: Зеленото е во мода!
Зелената е повторно присутна. И тоа не радува, зарем не? Примарно, не потсетува на природа - на нешто свежо и младолико. Зелената боја симболизира живот, енергија, сигурност, здравје, пари, амбиција, и улична мода.
Во сезоната пролет/лето 2018-та се воочува посветла нијанса на зелена, додека за сезона есен-зима 2018 е резервирана потемна нијанса-милитари и Jungle зелена.
На скоро завршената недела на модата во Њујорк, Лондон, Милано, и Париз видовме какви зелени модни комбинации и акцесоари ни предлагаат Hermès, Céline, Alexander McQueen и останатите.
Еве неколку предлози како да носите зелено оваа сезона.