(ФОТО) ТОП ТРИ фустани за оваа пролет

Добивај вести на Viber

Модели фустани од кои нема да се одвојувате оваа пролетна сезона.

Конечно можеме да ги носиме нашите омилени фустанчиња.

Уште малку скроз ќе се ослободиме од дебелите џемпери, дуксери и шалови и ќе ги замениме со полесна и посветла разиграна облека.

Новите пролетни трендови бараат промени и доаѓање на новитети. Кога се работи за фустани, посебно се издвојуваат три модели без кои нема да можеме како во оваа така и следната сезона .

Еве кои се:

Ретро фустани


Иако ретро модата се враќа од време на време и ги освежува нашите гардероби, оваа пролет моделите на фустани се инспирирани од стилот на 40-тите и ќе биде на врв на модните трендови. Истовремено женствена и деликатна, во овој фустан ќе изгледате природно убави во различни ситуации.

Миди фустани


Фустан со средна должина или миди фустан е уште една силуета која ќе обожавате да ја носите. Може да ја носите и преку лето, па се до средината на есента кога времето ќе се промени. Може да ги комбинирате со сандали , затворени чевли, а одлично стојат и со патики.

Фустани со цветен дезен


Сега кога природата се буди, најдобар начин да го покажете расположението е со фустан од цветен дезен. Цветниот дезен секој модел го прави женствен, па во секој фустан ќе се чувствувате посебно.