(ФОТО) Три најбарани модели чевли на Пинтрест за пролет/лето 2018
Нова сезона, нови трендови, а баш како и сите девојки, најмногу не интересира во кои чевли ќе изгледаме најдобро!
А што не чека оваа пролет, како и секогаш прв знае Пинтрест каде девојките веќе масовно пребаруваат чевли за сезоната која претстои и сега во тренд се издвојуваат три како најпопуларни.
Сите ги носевме минатата пролет, но и на есен, но сега доаѓаат во свежно издание.
Белите чизмички засенија многу на тронот пролетни трендови кога се во прашање чевли бидејќи може да се носат веќе сега и се идеални за преодниот период. Но штом ќе стопли, сигурни сме дека најпребарувани ќе бидат оние кои го заземаа второто место по популарност, а се работи за чевли со отворена пета.
Лани хит беше црниот модел со бел каиш со потпис на модната куќа Диор, а оваа сезона најпопуларни модели ќе бидат во пастелни нијанси, посебно во боја на лаванда која е најавена и како хит за пролет/лето 2018. А во мода ќе биде уште еден лански тренд во ново издание.
Се работи за чевли со висока пета меѓу кои оваа сезона најпопуларни ќе бидат оние во бела боја. Високата пета дури и не е задолжителна и важно е само да изгледаат елегантно, што значи дека пластични или платнени модели не доаѓаат предвид.