(ФОТО) УЛТИМАТИВЕН ТРЕНД: Чантичка околу половината во режија на Rosie Huntington-Whitley
Ретро, тренди, деловно, модерно? Се прашувате дали се ова може да се спои? Велиме ДА, но ако не ви верувате нам, ќе ве увери Роси.
Позната по предизвикувачкиот став и провокативни изданија на ревиите на модната куќа Victoria's Secret, Роси Хунтингтон Витли важи и за дама која негува сјајен off-duty стил.
Нејзината деловна street style, како и дневна, лежерна комбинација издишуваат со некоја суптилна софистицираност, која речиси секогаш е резултат на совршено вклопени дизајнерски парчиња.
Така беше кога ја здогледавме на улиците на Њујорк, по деловниот состанок на кој се одлучила за ефектна bossy комбинација, освежена со детаљ кој ќе биде , ако веќе и не е ХИТ на сезоната.
Имено, познатата 30 годишна дама се определила за сив комплет кој го сочинуваат оверсајз сакото до дворедни копчиња, како и широки ѕвонарки кои ги потпишува креаторката Georgia Alice . Кројот на ѕвонарки, памучно-лелена ткаенина и суптилен каро момент направија моделот да биде сам по себе многу удобен и атрактивен.
Сепак, Роси впечатокот дополнително го зголемила додавајќи детаљ кој е ода на деведесетите - кожна црна Gucci чантичка околу половината, која стана еден од најпопларните акцесоари на сезоната.
Во стилско продолжение, својата ретро комбинација манекенката ја вообличи со Manolo Blahnik пластични сандали, како и темни наочари од дизајнерката Викторија Бекам.
Еден ден порано, Роси исто така прошета еден феноменален изглед, кој исто така се базирал на каро дезен и чанта од 90-тите.