(ФОТО) ВЕШТО ЈА КРИЕШЕ ВЕРЕНИЦАТА: Последната љубов на Лук Пери

Добивај вести на Viber

Лук Пери кој почина од мозочен удар, бил свршен со терапевтката Венди Медисон, јавуваат светските медиуми. Дека биле верени е објавено дури по смртта на омилениот актер од „Беверли Хилс“, во соопштението на неговиот публицист.

Не е познато колку време двојката била заедно, но во 2017 година се фотографирани како се држат за рака на доделувањето на наградите GLAAD.

Венди (44) која имаше и неколку помали улоги во ТВ-сериите The Mentalist и Crash, сега води приоватна клиника за семејства и бракови, а судејќи по нејзината биографија, работи со возрасни, со тинејџери и со двојки кои страдаат од анксиозност.

Таа била покрај Пери во болницата до последен момент, заедно со неговата поранешна сопруга Рејчел Мини Шарп со која има две деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18). Нивната љубов траеше десет години, а разводот помина речиси незабележително во медиумите.