Станот чија приказна денес ви ја донесуваме нè привлече на прв поглед и веројатно би помислиле дека станува збор за уште една совршена, пространа и светла внатрешност на Инстаграм, да не наидевме на фактот дека станува збор за стан кој има само 30 квадратни метри.
Овој стан од 30 квадратни метри е вистинска мала бајка и секоја нова фотографија што сопственикот ја објавува на Инстаграм служи како инспирација за нова промена во сопствениот ентериер.
Овој стан се наоѓа во норвешкиот град Графтдијк, на северот од земјата. Станот е редизајниран во минималистички стил, со акцент на деталите што прават разлика.
Црно-бело, тактички наизменичен мебел, со акцент на декор во неутрални и сиви тонови.
Мали трансформации на просторот, токму во форма на детали, ја менуваат сликата за целиот простор од сезона во сезона. Украсите му даваат свежина на домот.
Во галеријата погледнете повеќе фотографии од овој простор, во кој централна точка е дневната соба со трпезарија, а има и спална соба од 7 квадратни метри, кујна и бања.
извор: stil.kurir.rsфото: instagram/30qm_
Може да ве интересира:
-Хиге - филозофија која нè учи како да живееме убаво и едноставно
ГАЛЕРИЈА: