Популарниот кантавтор Владо Георгиев првпат на социјалните мрежи сподели фотографија од неговата постара ќерка, двегодишната Софија. „Љубов на тато“, напиша тој на „Инстаграм“.
Пејачот со неговата партнерка Милица Самарџија има две ќерки, но фотографии со нив никогаш не споделува во јавноста. Помладата Елена дојде на свет во февруари годинава.