(ФОТО) Во вакво издание Кејт Мидлтон не сме ја виделе, ќе може ли Меган да и парира во оваа улога?
Во текот на својот последен кралски ангажман пред раѓањето на третото дете Кејт Мидлтон е и повеќе од активна. Помеѓу останатото, ги засукала ракавите и им помогнала на готвачките во олимпискиот парк во источен Лондон.
Војводата и војвотката од Кембриџ вчера посетиле свечен настан во организација на национална хуманитарна организација која има за цел помагање на новите генерации прваци на Олимписките, Параолимписките и Игрите на Комонвелтот.
При таа прилика принцот Вилијам со хендикепираните спортисти заиграл кошарка и сам искусил колку тоа е тешко од количка.
За тоа време Кејт Мидлтон им помогнала на вредните готвачки кои подготвувале деликатеси за големиот ручек за сите кои учествувале во Игрите на Комонвелтот.
На убавата трудница ова и бил последен ангажман пред заминување на породилно бидејќи за неколку недели треба на свет да го донесе третото дете. Елегантна и насмеана, Кејт ги засукала ракавите, ја ставила престилката и се пуштила на работа. Се пофалила како ова не и е прв пат да помага во кујна.
„Веќе ова го правев со синот Џорџ и ќерката Шарлот, а тие обожаваат да прават пица. Им се допаѓа тоа бидејќи тогаш може да ги извалкаат рацете со тесто и брашно“, рекла омилената војвотка.
Иако секојдневно имаат на располагање многуброен персонал и готвачи кои им подготвуваат оброци, кралскиот пар и сам ужива во готвење.
Принцот Вилијам еднаш рекол: „Сакам да готвам иако баш не сум добар во тоа. Всушност повеќе сакам печење, па знам да подготвам печено пилешко“.
Дали и идната снаа на кралското семејство Меган Маркл ќе ужива во хуманитарните настани и ќе и парира на Кејт останува да видиме.