(ФОТО) За љубителите не минимализмот: 5 есенски трендови што ќе ги обожавате

Добивај вести на Viber

По зборовите на Вог, оваа сезона е за едноставни модни парчиња без многу детали. Еднобојните парчиња се апсолутно шик. Со ваков стил на облекување, станува едноставно и лесно да се дотерате, а секој пат аутфитот да ви биде без грешка.

Оваа есен нема да може да помине без овие парчиња:

1. Чизми со четириаголна потпетица

Освен што изгледаат добро, тие се и многу удобни.

2. „Oversized“ џемпер

Парче кое ќе ве стопли и ќе го направи вашиот аутфиут интересен.

3. Бела кошула

Квалитетна бела кошула е одлична инвестиција, и вечна класика која одговара со фармерки, здолниште...

4. Џемпер-фустан

Ова е парче за совршен изглед оваа есен. Одговара и со патики, но и со високи потпетици.

5. Едноставна црна чанта

Црната чанта без голем број на детали, лесно се вклопува во секоја комбинација.


Ги видовме и најпопуларните трендови на Инстаграм, како и боите кои ќе бидат хит оваа есен