(ФОТО) Започна новата учебна година: Дистанцата и маските го намалија детскиот џагор

Утрово, започна учебната година 2020/2021 година. 

По шест месеци пауза, односно по шест месеци тишина пред училиштата конечно можеше утрово да се слушне детски џагор и да се види раздвиженост и малку гужва.

Пред основното општинско училиште „Владо Тасевски“ во Карпош, веднаш се забележа гужва од паркирани автомобили на родители кои ги носеа своите деца од прво до трето одделение на физичка настава. Останатите деца наставата ќе ја следат онлајн, преку платформата.

Дечињата видно возбудени но и со доза на неизвесност итаа кон училиштето, го чекаа првото училишно ѕвонче.

Во нормални услови, кога се функционира нормлано и без протоколи, пред училиштата не можеш да поминеш од гужви од деца од сите одделенија и родители, баби, дедовци. Но, денес се почувствува намалениот број на дечињата. Сиет деца пред да влезат во училиштето имаа маски на своите лица, и на влез им се проверуваше температура. Потоа дечињата беа спроведувани до нивните училници. 

Среќна нова учебна година драги деца, со лесно наставници и со трпение родители.


Фото: Женски магазин

Н.М.