(ФОТО) ЖЕНСКА ЗАБАВА НА КАРОЛИНА, ЕЛЕНА, ВЕСНА БЕЈБИ И АНА

Искрени пријателства меѓу познатите се реткост во денешно време, кога владее ривалитет на естрадата. Спротивност е пријателството на оваа женска петорка, која сношти уживаше во дружењето во еден скопски ресторан.

Поп-ѕвездите Каролина Гочева и Елена Ристеска, актерката Весна Петрушевска и нејзина блиска соработничка и пријателка Вики, и новинарката Ана Шутиноска од „Антена 5 радио“. Ана неодамна се омажи за стоматологот Гордан Лазаревски, а кумови им беа Каролина и нејзиниот сопруг, Михаил Корубин. 

Каролина е актуелна со новата фотосесија  за италијански бренд на која изгледа прекрасно, а се фотографираше на Козјак. 

Елена Ристека неодамна се врати од САД, каде што договори соработка со познатиот музичар Дуке Бојаџиев.