(ФОТО) ЗГОДНА ТРУДНИЦА: ТАМАРА ПОВТОРНО РАЗГОЛЕНА

Добивај вести на Viber

Тоа што Деми Мур го започна прва во 2001 година кога бремена се сликаше гола за насловната страна на „Vanity Fair“, денес е тренд кој го практикуваат голем број познати личности во целиот свет, а исклучок од ова правило не се ни естрадните личности од Македонија. 

Тамара Тодевска која е вторпат во блажена состојба, веројатно и вторпат се одлучи за слична фотосесија (во поодмината бременост се сликаше и со Хана), барем ако се суди според нејзиниот профил на „Инстаграм“. Поп-ѕвездата објави неколку „приказни“ на оваа популарна социјална мрежа на кои јасно се гледа дека одлично се забавува на сет и дека подготвува нов серијал разголени фотографии.