Фотографија која топи срца: Гаиа спие во прегратките на дедо Дац

Минатиот месец, актерот и пејач Драган Спасов Дац за прв пат се оствари во улогата на дедо

Имено тој ја доби внуката Гаиа, која е плод на љубовта меѓу неговиот син Јаков и неговата сопруга Софија.

Овој пат тој објави преслатки фотографии, како ја држи внуката во прегратка додека таа спие.

„Гаиа нана кај дедо“ - напиша Дац стопен од љубов.