Фотографирани се еднојајчани близнаци, едниот пушач, а другиот не: Разликата е запрепастувачка и како ден е јасно кој е кој

Добивај вести на Viber

Близначката од левата страна е пушач 17 години подолго од нејзината сестра Фото: Profimedia

И покрај тоа што луѓето се свесни за штетните последици од пушењето цигари и воопшто од чадот од тутунот, тоа не придонесува за намалување на бројот на пушачи. Покрај сериозните штети што пушењето му ги нанесува на нашиот организам, поточно на нашето здравје во целина, придонесува и за побрзо стареење и го прави нашето лице да изгледа „уморно“ и безживотно, а истото побрзо пропаѓа.

Доколку сте пушач, подгответе се за тоа дека кожата околу усните ќе биде потенка, а брчките околу усните ќе бидат поизразени и дека ќе добиете изразени темни кругови и вреќи под очите порано од обично.

Жената од левата страна на фотографијата не е пушач, а нејзината сестра близначка активно пуши Фото: Profimedia

Пред неколку години, истражувачите од Охајо спроведоа интересна студија во која ги споредија разликите во лицата на близнаци, од кои едниот е пушач, а другиот непушач. Тие го потврдија она што сите веќе го знаевме – пушењето навистина влијае на предвременото стареење на кожата на лицето, а тоа особено се однесува на долните две третини од лицето, додека во пределот на челото нема големи разлики.

Студијата, спроведена од вработени во Одделот за пластична хирургија на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв, земала предвид 79 пара близнаци, на возраст до 78 години. Секој од нив била фотографиран од професионален фотограф, а сликите подоцна биле поделени во две категории.

Двајцата браќа се пушачи, но близнакот од десната страна пуши 14 години подолго Фото: Profimedia

Првата група на фотографии се состоела од 45 пара близнаци на кои едниот бил пушач, а другиот не. Втората група ја сочинувале близнаци кои и двајцата биле пушачи, но едниот близнак пушел најмалку пет години подолго од другиот.

Близначката од левата страна е непушач, а нејзината сестра од десната пушела цели 29 години Фото: Profimedia

Двајца доктори и еден студент по медицина ги проучувале фотографиите на близнаците и ги оценувале нивните црти на лицето и карактеристиките; заклучокот бил повеќе од јасен - пушењето дефинитивно го уништува тонот на кожата и значително влијае на изгледот.

Извор: zena.blis.rs