Французите открија: Што имаат заедничко сите луѓе кои имаат тешки форми на Ковид-19?

Добивај вести на Viber

Одлично откритие на француските научници што ќе помогне во борбата против корона вирусот


Новата француска студија открива заедничка карактеристика на пациенти кои имаат потешка клиничка слика од корона вирусот САРС-КоВ-2, се вели во статијата објавена во списанието Science.

Студијата вклучува 50 пациенти со тежок облик на Ковид-19 во Франција.

Сите имале голема разлика во симптомите - некои на почетокот биле асимптоматски, други имале лесна кашлица, трети не можеле да дишат сами по неколку дена биле поврзани на респиратор.
Сепак, целта на научниците била да најдат заедничка карактеристика кај оние кои тогаш развиле потешки симптоми. Анализирајќи примероци од крв, имунолошки клетки и ткива, како и други генетски примероци на пациенти, експертите го идентификуваа „потписот“ на сериозната инфекција.

Таков бил случајот со сите тешки случаи на ковид.

Што значи тоа?

Критично болните пациенти имале недостаток на интерферон тип I - еден вид протеин што го користи имунолошкиот систем за борба против инфекции. Покрај тоа, имале повисоко ниво на антиинфламаторно сигнализирање од нормалното.

Овие две реакции заедно ги оставиле пациентите со „мала залиха“ да се борат против инфекцијата од корона вирусот.

Студијата поддржувала и други истражувања кои покажале дека реакцијата на интерферон во областите погодени од инфекцијата може да игра голема улога во ублажување на прогресијата на болеста.
Конечно, истражувачите се надеваат дека сето ова знаење ќе придонесе за развој на нови терапии што ќе го подобрат одговорот на интерферон и ќе го намали воспалението.