Фризура инспирирана од супермоделите: Сара Мејс како Линда Евангелиста од 90-тите со боб и „bouncy“ ефект

Добивај вести на Viber

Популарната боб фризура од 90-тите никогаш не излегува од мода. Како и да се одлучат да ја носат дамите, оваа фризура е евергрин.

Фризурите на Винона Рајдер или Наоми Кембел од 90-тите сè уште се актуелни во новиот милениум.

Од тогаш до денес сведоци сме на безброј варијации на боб фризурата, но онаа во 90-тите беше наједноставна можна. Во преден план е природната текстура на косата, без разлика дали е права или брановидна, а нема ниту фенирање или виткање.

Македонската пејачка Сара Мејс се одлучи за боб фризура, но со супермоделска верзија од 90-тите, која, сепак, за разлика од онаа на Винона и Наоми, подразбира многу неприроден волумен.

За оваа супермодел боб фризура велат дека е инспирирана од фризурите на супермоделите од 90-тите, како онаа на Линда Евенгелиста.

Така и Сара Мејс ефектот го постигнала со кратење на косата, фенирање во горните слоеви, со што се добива на волумен и косата изгледа повоздушеста, и ефектот кој е познатиот како „bouncy“.

Дополнително Сара се одлучила да ја помени и бојата на косата, па така целосниот изглед е полн погодок и одличен избор за овие есенски денови.

Боб фризурата секогаш восхитува со својата едноставност и практичност, која одговара на речиси секој тип на коса, а која е неверојатно лесна за одржување и обликување.

View this post on Instagram

A post shared by HAIR BYSUZI ANGELINA (@hair.by.suzi)

Денес најубавите боб фризури можеме да ги видиме подеднакво на некои од најгламурозните црвени теписи, но и на улиците на градовите ширум светот.

Фото: Инстаграм
РЖМ