Фудбалерот лудо ја сакаше, поради борбата со ракот на сопругата се откажа од кариерата: Кога се опорави, го изневери со овој човек

Фото насловна: VAEM/MIAMIPIXX / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Рафаел ван дер Варт и Силви Меис беа синоним за хармоничен брак и убава љубовна врска, но нивната хармонија не траеше долго

Рафаел ван дер Варт и Силви Меис важеа за еден од најубавите холандски парови, а многумина ги нарекуваа „новите Бекамови“. Нивната врска делуваше идилично до 2013 година, кога нивната љубов се распадна, а на се‘ му претходеа страшни сцени од тепачка која го обиколи светот.

Имено, познатиот фудбалер на „Ајакс“ кој одигра преку 140 натпревари и постигна преку 50 гола за својата сопруга - познато ТВ лице, беше подготвен на се‘. Важеше за исклучително посветен татко и сопруг.

Новогодишната ноќ, кога се чекаше таа позната спомената 2013 година, Рафаел ван дер Варт и Силви изгледаа среќни, споделија фотографии на социјалните мрежи и славеа, така што следниот ден се појави веста дека фудбалерот ја удрил пред сите. Тогаш славниот спортист ја направи најголемата грешка во животот. Тој се покажа како најголемиот виновник, а осудата во јавноста не помина ниту една деценија подоцна.

Што всушност се случило?

Дури и врапчињата на гранката знаеја дека Рафаел е подготвен да земе ѕвезда од небото за Силви. Кога се соочила со страшна дијагноза - рак на дојка, фудбалерот во тој момент ја запоставил својата успешна кариера и се посветил на грижата за својата сопруга, за таа што побрзо да закрепне.

Но, само една година откако таа се избори за живот и го победи ракот, фудбалерот откри дека сопругата го изневерува со пилот. Тоа подоцна го признала јавно, токму на споменатата забава, откако Рафаел ја открил измамата, а потоа во налет на бес ја удрил, што апсолутно не е оправдување.


Нивниот брак се распадна, а Силви не тагуваше долго. Набргу по пропаѓањето на нејзиниот брак, во кој го роди синот Даниел, утеха најде со Шарбел Ауад, богат бизнисмен од Дубаи, со кого се сврши, но тоа траеше само неколку месеци.

Таа се смири дури во 2019 година, кога го запозна германскиот уметник Никлас Кастел, во кој е вљубена до крај. Неодамна беа фотографирани на плажа во Мајами каде се релаксираа со пријателите, а убавата Силви беше шармантна како и секогаш, не ја тргаше насмевката од лицето. Кога станува збор за Рафаел, тој извесен период беше сингл, а од 2016 година е во врска со убавата одбојкарка Еставана Полман.


Фото: pinterest/Инстаграм

Извор: стилкурир

„Беше невидлива 20 години, зошто сега му го прави ова?!“: Сопругата на Лионел Меси е мета на критики поради фотографии од одмор