ГАЌИ ПРОТИВ УРОЦИ

Добивај вести на Viber

Она кога мислиш дека превртена маица против уроци е врв, крстче на

ретровизор, нешто ноџенце од зајче на приврзок, да се крстиш со едната

рака додека со 80 на саат влетуваш во кривина, ама има црква, па

морало така, господ те чува, крсти се, . ќе се појави нешто што ќе ти

објасни по кратка постапка дека си грешен, никогаш не вели никогаш и

сите тие слични работи.

И така, дојде време да пораснам, да се подвојам и да си имам мое младунче.

Не се опаметив нешто многу многу. А баш мислев ЌЕ СЕ…баш мислев ЌЕ

СЕ…(прошепна таа со замислен поглед)

Бебле ко бебле се нафрла на лицето. За некој неопаметен ко мене, ништо

страшно, детска работа, за околина ХОРОР. Веднаш почнуваат со

нуклеарни напади на мајката. Нема по кој друг! Тешката артилерија

беше за облакањето и за тристате степени по дома. Ова си е озбилна

работа, мора нулкеарка.

- Со што си ја мачкала? Да не си сменила прашак за перење? Пак си ја

давала на сите да ја гушкаат!

Млекото не ти чини!

Што си јадела детево што е нафрлано…

И така, кога имаш дете, крив си и за врнежливото време надвор.

Од кога го сите се смирија, се одбранив ко од руска армија, ми пуштија

втора тура. Една баба ко цела ескадрила. Мислиш бабче, ќе си гугаме

нежно, ќе ми дели животни лекции, онакви, со реченици за паметење и

романтична музика во позадина додека ми зборува…како ме подбра…се

мислев да им се јавам на нашиве и да им се извинам што не прифатив

дека сум крива првиот пат и што го крадев клучевите за колата и со

братучед ми се возевме скришно кога бевме мали.

Ми вели бабче:

  • Има една жена во соседноно село, бае од уроци, однеси го бебето да му забае.
  • Ама баба, не верувам јас во тоа, ќе помине. Дете е, така растат… -

и јас па наивчина мислев еден збор, еден алтан, ќе се разбереме ко со

песна и лепење 50 евра на пејачот на свадба. Шипак.

И така неколку пати, бајачката од соседното село, па бајачката од

соседното село…издржав ко блиндирана врата. Неверојатно сум горда на

себе. И вие треба да сте горди. Имаше бабата кондиција за убедување.

Сè додека не ми ја кажа магијата со гаќите против уроци.

Седни!

Читај внимателно!

Вакво нешто немаш слушнато до сега.

Ми вели бабче:

- Ќе појдеш долу во село, ќе се распрашаш која од женине ја правела

ОНАА работа со мажот вчера и ќе ѝ ги побараш гаќите што ги облекла

после тоа, да ти ги даде - мене веќе ѕвездички пред очи малку почнаа

да ми трепкаат, ко подрасипана неонска реклама.

- Ќе ги земеш, ќе ги ставиш во леген со вода, ќе ги измиеш и со таа

вода бебето ќе го избањаш - ок бабе, збогумчаопријатно!

И да 21 век.

За Женски магазин, Огнените ѕверови на Дамјана