Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Македонските блогерки по светски терк: Отворени чевли кои ќе го одбележат ова лето
„Дајте ѝ ги на жената вистинските чевли, и таа ќе го освои светот.“ – Мерлин Монро
Женските чевли за сезоната пролет/лето '20, се креирани под големо влијание на модата од 70-те години.
Обувките кои оставија најголем впечаток, и дефинитивно ќе ја одбележат оваа сезона се отворените чевли во четвртаста форма, со едно подебело, предно ремче или повеќе потенки, и мини штикла.
Ги среќаваме во сите бои, дизајни и материјали, а девојките, просто ги обожаваат.
Многу познати ѕвезди ги носат, а кај нас се особено популарни кај нашите блогерки, кај кои ги забележавме, и мора да признаеме дека одлично ги комбинираат.
Погледнете како Шијакоска, Деспотоска, Ацева и Ѓеоргиева ги носат чевлите на сезоната.
Ксенија ДеспотоскаАнгела ЃоргиеваНикица АцеваГалерија од овие чевли кои можат да ви послужат како инспирација: