(ГАЛЕРИЈА) Стајлинг идеи за секој ден од април

Добивај вести на Viber

Утре ни доаѓа месец април! ...А со него и топлото време, но и голем број трендови кои можеме да ги пробаме.

Овој април експериментирајте со бои и водете се од слоевито облекување кое добро ќе ви дојде по променливото време. Уште не треба да ги заборавиме полудлабоките чизмички и чевли кои одлично ќе се вклопат со кроп фармерки и здолништа. Цветниот, како главен дезен на сезоната, може да го имплементирате во секој стајлинг, без страв дека ќе згрешите. Исто така може да го комбинирате со пруги и други дезени бидејќи е сестран и лесен за вклопување.

Во нашата галерија ќе пронајдете стајлинг идеи за секој ден од април, без разлика дали ви е потребна инспирација за работа, вечерни излегувања или опуштена прошетка низ град. Уживајте.