(ГАЛЕРИЈА) Тесните фармерки не се веќе во мода: Модели кои ќе бидат хит престојната есен

Добивај вести на Viber

Иако летото сѐ уште трае, сепак крајот на август веќе се планираат обврските кои следат како со почетокот на учебната година, така и со враќањето на работните обврски.

Тоа што модните брендови го нудат за престојната есен е најава за враќање на фармерките со рамен крој, познат како „mom jeans“, тренд кој беше актуелен во 90-тите години. 

Кога се рабoти за есенските трендови, животинскиот принт ќе биде актуелен и оваа сезона и тоа не само на фармерките, туку и на другите парчиња облека, но и модните додатоци. Исто така, актуелни се и т.н. „Франкештајн“ моделите, односно различни нијанси на ногавиците. 

Доколку планирате наскоро да заминете на шопинг, погледнете ја галеријата фотографии и можеби ќе го пронајдете вашиот иден омилен пар фармерки.