Гените се чудо- Погледнете како изгледа внуката на дедо Дац: Мама Софија конечно ја покажа малата Гаиа

На почетокот на овој месец познатиот актер и пејач Драган Спасов Дац стана дедо за прв пат.

Имено тој ја доби внуката Гаиа, која е плод на љубовта меѓу неговиот син Јаков и неговата сопруга Софија.

Софија е активна на социјалните мрежи, па така сега за прв пат од блиску сподели како изгледа малечката Гаиа.

Иако е сè уште многу мала, може да се каже дека веќе влече црти на дедо Дац. Како и да е навистина преслатка!