Ги гаселе цигарите од неговите мали рачиња: Родители монструми, на најсрамен начин се обиделе да се одбранат

Го малтретирале синот на монструозен начин, а како се бранеле на распитот било чиста срамота.

Раденко Брајдич (42) и неговата сопруга Бојана Јурковиќ (45) од Брежје во Словенија се осомничени дека го злоставувале својот тригодишен син на најмонструозни начини, вклучително и гаснење цигари по телото и држење на рацете на шпорет.

Вештачењето за повредите ги запрепасти сите. Родителите се бранат дека повредите се предизвикани од падот на момчето и лошата рамнотежа, пишува „Словенске новине“. 

Овие обвинувања кои излегоа на виделина ја шокираа Словенија. Според вештачењето, малото момче имало скршен череп, лопати, ребра ...

Лекарите утврдиле дека тригодишното момче има изгореници по целото тело, а обвинителите се сомневаат дека тие на дланката и нозете се предизвикани од гаснење цигари. Исто така, постои сомневање дека неговите родители ги притиснале дланките на шпоретот и му скршиле коски.

Родителите ги негираат обвинувањата и се бранат дека повредите се последица на честите паѓања на нивниот син бидејќи, како што тврдат, поради болеста имал лоша рамнотежа.