Ги изми суканиците после 6 години и згрози многумина: 27 милиони луѓе шокирани го следат секој чекор, а резултатот е неверојатен (ВИДЕО)

Многумина од вас веројатно во одреден момент се запрашале дали луѓето со суканици ја мијат косата. Процесот секако не е баш најстандарден, а ако ве интересираше како изгледа миењето на суканици во чекори, една девојка ќе ви ја реши оваа енигма. Алесандра Софија сними сè и го објави видеото на „TikTok“.

Видеото е наречено „детокс на суканици“ и Алесандра им објасни и им покажа на сите како можете темелно да ги измиете, а со тоа докажа дека ова е фризура која воопшто не е лесна за одржување.

Како што вели девојката во видеото, нејзиното момче има суканици веќе шест години, а сега првпат ги мие. Целиот процес изгледа како милион чекори.

Како темелно да ги измиете суканици

Алесандра наполни леген полн со вода, а како подготовка користеше сода бикарбона, јаболков оцет и сок од лимон. Сакајќи да ги измие темелно, таа најпрвин ги натопи во вода.

@alessandrasophiaa #fyp #boyfriend #dreads #dreaddetox #dreaddetoxing

Најпрво ги потопи суканиците во вода, а потоа додаде сода бикарбона, сок од лимон и на крајот јаболков оцет.

Таа добро ги исчисти суканиците, а потоа ги остави потопени со надеж дека целата нечистотија ќе исплива на површината. Потоа започна втор круг и го повтори овој процес уште два пати пред да му ја измие косата со шампон и регенератор.

@alessandrasophiaa #fyp #dreadslocks #cleandreads #boyfriend #imanamazinggirlfriend

Резултатот е неверојатен, а целиот процес погледнете го во видеото кое го погледнале повеќе од 27 милиони луѓе.

Извор: zena.blic.rs