„Ги криви нозете на детето, треба да се забрани“: Марија Шерифовиќ „нападната“ поради синот – „Ќе ви објаснам“

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ неодамна го доби синот Марио, кој на свет го донесе сурогат мајка. Колку е среќна пејачката затоа што станала родител, покажуваат нејзините објави со синот на социјалните мрежи.

Марија неодамна објави видео како танцува со своето бебе, додека бебето е во кенгур и ужива додека мама му пее.

Овој момент разнежни многумина, а имаше и такви кои оставија лоши коментари.

„Кога ќе ги видам овие носачи на „кенгур“ … Ни за колковите, ни за нозете на бебето (ги криви нозете на детето) … ужас, треба да се забранат“, „Знам дека не ме прашале за совет, но јас од искуство би рекла дека „кенгурот“ не е адекватен за новороденче, положбата на главата и рацете не е добра“, „Најди друг носач за доброто на колковите, драга, биди среќна и секогаш пеј му“, беа некои од коментарите.

Марија се огласи и јасно им кажа дека знае што прави.

- Па, вие сте навистина неверојатни. Ќе објаснам затоа што во моментов имам нерви! Ова е направено за бебиња од 0 до 12 месеци и од 3 до 11 кг. Тие исто така мора да бидат најмалку 53 см. Секако фала за советот, единственото нешто што би сакала да те научам е како да пишуваш навистина добронамерен совет, но во моментов НЕМАМ нерви за тоа. Што се однесува до музиката, син ми од раѓање го учам што е добра музика и само со неа спие правилно. Не грижете се, ние мериме и децибели. Всушност, за да скратиме, внимавајте на вашата работа. Всушност – сиктер! За другите љубовта се разбира, напиша Марија.

Марија неодамна објави видео како танцува со своето бебе, додека малиот е во кенгур и ужива додека мама му пее.

Инаку, Марија неодамна откри дека нејзиниот син сака музика и дека често му пее.

- Се е во ред и се е под контрола, логистиката ми е силна страна и се е како што треба, се е во ред. Му пеам, од кога е роден сака гласна музика и не сака брза музика, не сака бавна музика – рекла таа.

Шерифовиќ на крајот на годината ги сумираше своите впечатоци и истакна колку е благодарна што добила дете.

– Не знам како и од каде да почнам. Концерти, албуми, видеа, патувања во Америка, „Ѕвезде Гранда“, приватен живот … И неверојатна грижа за сето тоа! Така, сега и на крајот на 2023 година, можам да кажам: Боже, ти благодарам …, напиша Марија


Фото:Инстаграм