„ГИ ЗЕДОВ ДЕЦАТА И ЖЕНАТА И ПОБЕГНАВ“ - Потресно сведоштво на сосед на убиецот од Хрватска откри детали за напаѓачот

Добивај вести на Viber

Фото: Притнскрин/Твитер


Шеесетгодишен маж кој живее на улицата Чапрашка Пољане во Сисак синоќа околу 20 часот и 10 минути вооружен со огнено оружје дошол во куќата на своите соседи и отворил оган кон нив. Убил 45-годишна жена, ранил неколку други, запалил две куќи и својата, а потоа избегал.

Набрзо бил уапсен и приведен во полиција каде ќе биде спроведена истрага. Плашејќи се дека ќе ги убие, луѓето се забарикадираа со мебел и бегаа низ прозорците кога мажот го започна своето крваво дивеење.

Соседите за Јутарњи лист изјавиле дека напаѓачот и претходно имал психички проблеми, а ги обвинил соседите дека го отруле. Живее сам во трошна куќа, нема жена и деца, а мештаните тврдат дека не е сиромав, туку „има пари, оти продал малку земја“.

Деталите погледнете ги на Фактор тука.