Гимназијата Алгоритам донираше медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и на ГОБ „8-ми Септември“
Наставниот кадар и учениците на Гимназијата Алгоритам донираа медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и Општата болница „8-ми Септември“.
Иницијативата потекна од учениците и професорите на Алгоритам кои собраа средства за да се набават маски N95 со високо ниво на заштита, 1000 интравенски канили од типот B. Braun Vasofix Safety IV Catheter со заштитен дел против несакани убоди и магнетни табли за побезбедна комуникација помеѓу докторите и пациентите.
„Сметаме дека во вакви моменти сите мораме да помогнеме колку што можеме и активно да учествуваме во процесот на враќање на ситуацијата во нормала. Особено сме горди што оваа иницијатива произлезе и се спроведе од учениците“, рече Директорката на училиштето, м-р Марина Божинова.
Ова не е прва ваква иницијатива на гимназијата Алгоритам, која, како општествено одговорна компанија и претходно организирала акции за помош на различни групи граѓани.
Гимназијата Алгоритам е формирана 2008 година и е најголемата приватна гимназија која образува ученици на македонски јазик и прва акредитирана гимназија во нашата земја со дигитализиран наставен материјал со финска методологија.