Животна училница // Приказни
ЃОКО ТАНЕСКИ СТАНА МАГИСТЕР: Од дете ја сакав оваа титула
- 05 Септември, 2018
Пејачот Ѓоко Танески денеска магистрираше на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
„Многу сум радосен. Од дете ја посакував оваа титула. Му благодарам на тимот на УТМС чие заштитно лице сум“, ни изјави Ѓоко кој славеше со професорите од Универзитетот во еден скопски ресторан.
Ѓоко додава дека е многу среќен што магистерската тема која ја бранеше е поврзана со неговит роден град.
„Темата која ја работев се вика „Културното наследство и културните манифестации во функција на туризмот во Охрид“. Како граѓанин би направил сѐ мојот град да стане подобро место“, ни изјави Танески.
Во јули, со уште неколку свои колеги Ѓоко одржа трибјут концерт посветен на рок-легендите „Пинк Флојд“, на сцената на Долни Сарај во Охрид. (М.Џ.)