Го победи ракот иако докторите и даваа само три месеци живот

Добивај вести на Viber

Животот на Џуди Перкинс која боледувала од рак на дојка е спасен благодарение на нова, експериментална програма, со која и биле инјектирани 90 милијарди антитела, со цел да ги уништат станиците на ракот.

Џуди била во терминална фаза, па докторите и кажале дека и остануваат уште три месеци живот, но две години подоцна, нема никакви знаци за враќање на опаката болест.

Експертите од Националниот институт за истражување на ракот, истакнале дека сепак ова е експериментална програма, но дека би можела да се прилагоди за лечење на секој облик на рак.

Терапијата се состои од генетска анализа на туморот на пациентот, за да се детектираат промените во имунолошкиот систем, а бидејќи тој сам се бори со ракот, неопходно е да се униптат станиците, кои придонесуваат тој повторно да се врати.


Според Индепендент, оваа програма делува различно кај луѓето, па така кај поединци е ефикасна, а кај други не дава видливи резултати. По победата на ракот, Џуди ужива во природа и во возење на кајак.