Го славиме најпрогонуваниот светец во христијанството: За да го заштитите домот од несреќа направете го ова

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив. А животот и трудот на овој светител се опишани под 18 јануари.

 Атанасиј Велики бил голем борец за вистинското православие.

Денес именден празнуваат Атанас, Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте...

Името Атанас е со грчко потекло, Атанасиос а значи бесмртен.


Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Верувања...

На многу места сè уште постои легенда за тоа како ѓаволот го искушувал свети Атанасиј преправајќи се во најубавата девојка која го искушувала да се одрече од Бога и да ѝ се придружи во обожавањето на несветите. Свети Атанасиј ја видел оваа измама и ја замолил девојката да му ја покаже ѓаволската моќ скокајќи во мала тегла. Таа го сторила тоа, а монахот веднаш го затворил садот и го фрлил во морето. Легендата вели дека теглата лебдела со години, додека не ја пронашле рибарите кои ја отвориле.
Старите велат дека штом загрми, ѓаволот мисли дека е свети Атанасиј, се плаши и веднаш скока во садот. Затоа е важно на овој ден сите садови да бидат цврсто затворени.

Свети Атанасиј го слават мелничарите кои веруваат дека тој ден ѓаволите демнат во вировите, па ни тогаш не работат водениците.